Киев бара од Анкара да задржи руски брод со украинско жито

Украина вчера побарала од Турција да го задржи товарниот брод Жибек Жоли, кој наводно под руско знаме превезува украинско жито од окупираното пристаниште Бердјанск, и да го уапси неговиот екипаж, според украински документ во кој имал увид Ројтерс.

EPA-EFE

Функционер од украинското министерство за надворешни работи, пренесувајќи информации од украинската поморска управа, кажал дека бродот Жибек Жоли превезува околу 4.500 тони жито, натоварено во Бердјанск, за кое Киев тврди дека ѝ припаѓа на Украина.

Кабинетот на украинскиот јавен обвинител во посебно писмо до турското министерство за правосудство на 30 јуни порачал дека Жибек Жоли е вклучен во „незаконски извоз на украинско жито“ од Бердјанск, дека е упатен кон градот Карас во Турција и дека превезува 7.000 тони товар, што е поголема бројка од таа на украинскиот дипломат.

Казахстанската транспортна компанија КТЗ Експрес за Ројтерс потврдила дека Жибек Жоли е во нејзина сопственост, но дека е изнајмен од руската компанија Грин лајн која не е на ниедна листа на санкции.

Киев ја обвинува Русија дека краде жито од областите под контрола на руските сили.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе