Киднапиран најмладиот африкански милијардер

Мохамед Деуџи, кого го сметаат за најмладиот милијардер на Африка, го киднапирале маскирани и вооружени мажи пред салата за вежбање на хотел во Дар ес Салам, најголемиот град на Танзанија, објави локалната полиција а пренесува Би-би-си.

43-годишниот Мохамед бил грабнат во утринските часови кога тргнал на своето рутинско вежбање.

Три лица се уапсени поради сомнеж за вмешаност во грабнувањето, а двајца се странски државјани, додаде полицијата.

Мотивот за киднапирањето на Мохамед Деуџи сѐ уште не е познат.

Финансискиот магазин Форбс го проценува богатството на Мохамед „Мо“ Деуџи на 1,5 милијарди долари и го опишува како единствениот милијардер на Танзанија, а во извештајот од 2017 и како најмлад милијардер во Африка.

Во 2016 Деуџи изјави дека планира да донира барем половина од своето богатство во добротворни цели. Тој успеа семејната компанија да ја претвори од претпријатија за малопродажба и трговија на големо во панафрикански конгломерат.

Неговата компанија МЕЛТ работи со производство на текстил, со продажба на алкохолни пијалоци, како и производство на масло за јадење, брашно и козметички препарати во најмалку шест африкански држави, пишува Би-би-си.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе