Киднапирал автобус во Бразил и се заканил дека ќе ги запали патниците, убиен од снајперист (ВИДЕО)

Вооружен маж држел заложници во автобус во Рио де Жанеиро, јави Би-би-си. Мажот по неколку часови бил убиен од полицијата.

Полицијата на Твитер објави дека сите заложници се ослободени откако снајперист го убил вооружениот маж.

Според првичните информации, никој од патниците не бил сериозно повреден.

Видеоснимките од хеликоптерот покажуваат дека автобусот запрел на мостот што го поврзува Рио со градот Нитерои.

На местото на настанот присутни се воената полиција, службите за итни случаи и специјалните сили.

Киднаперот најпрво ослободил пет патници, по што во автобусот останале околу десетина патници, пренесе Би-би-си.

Тој, наводно, во автобусот се качил во раните утрински часови, по локално време, и почнал да им се заканува на патниците. Сè уште не е познато дали напаѓачот имал некакви барања.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе