Киднаперите ги пуштија ученичките кои ги грабнаа од училиште на северозападот на Нигерија

Вооружените напаѓачи ги ослободија девојчињата грабнати од средното училиште во северозападната нигериска сојузна држава Замфара, соопштија вчера властите.

EPA-EFE

Вооружената банда грабна во петокот 317 девојчиња од државното средно училиште во Јангебе.

„Фала му на Алах! Драго ми е што можам да објавам дека грабнатите ученички од Јангебе се ослободени од заробеништво“, напиша на Твитер гувернерот на Замфара Бело Матавале.

„Ги повикувам сите добронамерни Нигеријци да се радуваат со нас бидејќи ќерките ни се на безбедно“.

Гувернерот не наведе колку девојчиња се ослободени, но Франс прес јавува дека сите девојчиња се ослободени.

„Вкупниот број на грабнатите девојчиња од училиштето е 279, тие се сите со нас, фала му на Алах“, го цитира Франс прес гувернерот.

Училиштата станаа мети на оружените групи за масовни грабнувања за откуп.

Таквите грабнувања во Нигерија најпрво ги вршеше џихадистичката група Боко харам, а потоа и огранокот на Исламска држава во Западна Африка. Сега нивната тактика ја користат и други криминални групи.

Грабнувањето на девојчињата во Замфара беше второ грабнување деца во нешто повеќе од една недела на северозападот на Нигерија, регион кој сè повеќе е мета на криминални банди. Вооружена група во саботата ослободи 27 тинејџери кои беа грабнати од училиште на 17 февруари во централната држава Нигер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе