Командантот на КФОР се сретнал со градоначалниците на српските општини

КФОР потврди дека на северот на Косово е зголемен бројот и траењето на рутинските патроли

КФОР денес потврди дека „на северот на Косово, како и на цело Косово, е зголемен бројот и траењето на рутинските патроли“.

EPA-EFE

„КФОР внимателно ја следи ситуацијата на цело Косово и останува фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999, за да се обезбеди сигурна и заштитена средина и слобода на движењето за сите заедници кои живеат на Косово“, се наведува во соопштението доставено на медиумите на Косово.

Како што претходно денес објави Косово онлајн, војниците на КФОР се појавиле околу пладне во близина на административниот премин Јариње каде веќе осум дена се стационирани припадници на специјалните единици на косовската полиција.

Градоначалниците од српските општини од северот на Косово соопштија денес во заедничко соопштение дека за време на средбата со командантот на КФОР генерал-мајорот Франко Федеричи, побарале „присуството на КФОР да се засили во местата каде што живеат Срби“.

Како што е соопштено, „во таа прилика градоначалниците од командантот на КФОР побарале војниците да останат неутрални и да дејствуваат во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, како и дека Федеричи им кажа дека „КФОР нема да се меша во политичките прашања ниту насилно да ги отстранува блокадите од патиштата“.

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави денес дека заедно со министерот за полиција Џељаљ Свечи има средба со командантот на КФОР на која е разговарано за безбедносната ситуација, но дека нема информација дека КФОР се спрема да интервенира на северот на Косово и да ги замени специјалните единици на полицијата на Косово, како што јавија одделни албански медиуми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе