петок, 1 мај 2026

Казахстанскиот претседател побара воена помош од блокот предводен од Русија

Објавено на

часот

Сподели

Казахстанскиот претседател побара помош од Договорната организација за колективна безбедност (ЦСТО), предводена од Русија, во услови на насилните немири што ја зафатија нацијата.

Тој тврди дека „терористите“ ги освојуваат стратегиските објекти низ целата земја.

„Верувам дека барањето помош од партнерите на ЦСТО е соодветно и навремено“, рече претседателот Касим-Џомарт Токаев, пренесоа медиумите доцна вечерва.

Претседателот ги критикуваше насилните демонстранти, кои упаднаа во владините згради и други објекти во неколку града низ земјата, меѓу кои и најголемата метропола Алмати, нарекувајќи ги „терористички банди“. Овие мошне добро организирани демонстранти биле обучени во странство, рече Токаев.

„Овие терористички банди се меѓународни, поминале сериозна обука во странство, а нивниот напад врз Казахстан може и треба да се гледа како акт на агресија.“

Токаев рече дека веќе побарал помош од земјите на ЦСТО во борбата против „терористичката закана“, за која вели дека има цел „поткопување на територијалниот интегритет“ на Казахстан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ