Казахстан го преименуваше главниот град во чест на претседателот кој отстапи

Казахстан денес го преименуваше главниот град Астан во Нур-Султан, во чест на лидерот Нурсултан Назарбаев, кој минатата недела неочекувано поднесе оставка, по речиси 30 години на власт.

Ова е четврти пат во последните 60 години, главниот град да го промени името, а некои жители и опозициски политичари протестираа против најновата промена која стана официјална кога декретот го потпиша привремениот претседател Касим Јомарт Токајев.

Градот со околу еден милион жители, каде што температурите се движат од -40 во зима до 40 степени во текот на летото, претходно се викаше Акмолинск, Тселиноград и Акмола пред да биде наречен Астана или „главен град“, кога Назарбаев 1997 година таму ја префрли престолнината од Алмати.

Велејќи дека на народот му се потребни нови лидери, Назарбаев ненадејно поднесе оставка во вторникот, што беше прв чекор во речиси режираната политичка транзиција во која стариот лидер сепак ќе задржи значителна моќ.

Назарбаев (78), кој со таа средноазиска земја богата со нафта и гас владеел од 1989 година, кога била дел од Советскиот Сојуз, ќе остане претседател на Советот за безбедност и владејачката партија Нур Отан.

Неговиот ривал, одбегнатиот банкар и опозициски политичар Мукат Абљазов, го обвини дека подготовува династички пренос на власта во кој на чело на државата требало да дојде неговата ќерка.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе