Кавга во Советот за безбедност, рускиот амбасадор ја обвини Украина за агресија

САД и нивните сојузници на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН ѝ се нафрлија на Русија и го осудија признавањето на бунтовничките региони во Украина по наредба на претседателот Владимир Путин за распоредување сили како тешко кршење на меѓународното право и „изговор за војна“.

EPA-EFE

Американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд ја отфрли изјавата на Путин дека руската војска во Доњецк и Луганск ќе има миротворна улога.

„Ги нарекува единици за одржување на мирот. Тоа е глупост. Знаеме што се навистина“, кажа Томас Гринфилд.

Украинскиот амбасадор Сергиј Кислитсја истакна дека, и покрај потегот на Русија, границите на неговата земја остануваат „непроменети“.

Ја повика Москва да ја поништи одлуката за признавање на сепаратистичките покраини во источниот украински регион Донбас.

„Бараме од Русија да ја поништи таа одлука и да се врати на преговарачката маса“, кажа амбасадорот.

Кажа дека Киев ја осудува наредбата за распоредување „окупациски сили“ во источна Украина и побара целосно и итно повлекување на тие сили.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја кажа дека Москва е и понатаму „отворена за дипломатско решение“, но предупреди на, како што кажа, „украинската агресија“.

„Не планираме да дозволиме ново крвопролевање во Донбас“, кажа рускиот амбасадор, додавајќи дека тоа, откако Москва ги призна Доњецк и Луганск, би можело да има „изразено опасни последици“.

Путин синоќа во долгото телевизиско обраќање за Украина, која ја смета за дел од руската историја и нејзиниот исток за древна руска земја, кажа дека е пропадната држава и марионета на Западот.

Томас Гринфилд кажа дека говорот на Путин е „низа скандалозни и лажни тврдења“ изговорени за да се создаде „изговор за војна“.

Русија, која во моментов претседава со Советот за безбедност, побара седницата да се одржи зад затворени врати, но ОН инсистираше да биде јавна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе