Кавано го помина првото гласање во Сенатот

Кандидатот за судија на американскиот Врховен суд, Брет Кавано, успешно го помина првото, процедурално гласање во Сенатот на САД, а конечното изјаснување на сенаторите би можело да биде во текот на викендот.

Денес Сенатот гласаше со 51 спрема 49 за да продолжи процесот на номинација на Кавано, кого за судија во Врховниот суд го предложи претседателот на САД, Доналд Трамп. 

Пред денешното гласање не беше познато како ќе се изјаснат тројца сенатори - републиканците Лиза Мурковски и Џеф Флејк и демократот Џо Менчин.

Менчин и Флејк гласаа за Кавано, а Мурковски против.

Нема гаранции дека сенаторите што денеска го поддржаа изборот на Кавано ќе гласаат на ист начин на конечното гласање.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс, која засега го поддржа Кавано, рече дека подоцна денес ќе се соопшти како ќе се определи на конечното гласање.

Изборот на Кавано, 53 години, беше доведен во прашање откако неколку жени го обвинија дека сексуално ги нападнал.

ФБИ неделава ги испитуваше овие наводи и извештајот вчера го достави до Одборот на американскиот Сенат за правосудство. Претседателот на Одборот, републиканецот Чак Грасли, рече дека во извештајот на ФБИ нема знаци на несоодветно однесување на Кавано, додека демократите рекоа дека извештајот „се чини како производ на нецелосна истрага“.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе