Кауција од 1 милион долари за тројцата полицајци соучесници во убиството на Џорџ Флојд

Тројцата полицајци во Минеаполис што се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд првпат беа изнесени пред судот во четвртокот, кој им постави кауција за привремено ослободување од еден милион долари.

Дерек Шовин, полицаецот што насилно го уапси Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис минатата недела, со скоро деветминутно притискање на вратот со колено, по што Флојд почина, е обвинет за убиство без предумисла, односно убиство од втор степен, додека другите тројца полицајци што учествуваа во апсењето се обвинети за помагање и поттикнување на убиството.

Полициските службеници Томас Лејн, Џеј Алекзандер Куенг и Тоу Тао може да бидат осудени на казна затвор до 40 години доколку бидат прогласени за виновни.

Шовин треба да се појави на суд на 8 јуни.

Смртта на 46-годишниот Флојд предизвика големи протести низ САД против расизмот и полициската бруталност врз Афроамериканците.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе