Катедралата Нотр Дам повторно се отвора во 2024 година

Катедралата Нотр Дам во Париз, тешко оштетена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети денеска француската министерка за култура Рослин Башло и најави дека се собрани доволно средства за тоа да се спроведе.

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Досега се собрани 833 милиони евра во форма на подароци и ветени средства, што овозможува обновување на катедралата, рече министерката во обраќањето пред Сенатот, горниот дом на парламентот.

„Можам да ви кажам дека во 2024 година, катедралата Нотр Дам во Париз ќе биде повторно отворена“, вети таа.

Утре министерката ќе ја посети катедралата со претседателот Емануел Макрон, на втората годишнина од пожарот што делумно го оштети тоа средновековно ремек-дело на готската архитектура во срцето на Париз, на 15 април 2019 година.

Францускиот претседател тогаш побара катедралата, чиј покрив и горен дел беа уништени во пламенот, да бидат обновени за пет години.

Претставникот на Макрон за тоа реновирање, генерал Жан Луј Жаргелен, исто така, рече дека катедралата повторно ќе биде отворена во 2024 година. Сепак, сите работи нема да бидат завршени до тој датум.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе