Бројот на жртви во Африка се зголемува

Катастрофата од библиски размери видлива од вселената (ФОТО)

Поплавите формираа привремен океан на земјата видлив од универзумот на места каде што пред неколку дена живееја луѓе.

Фотографијата е објавена на веб-страницата на Европската вселенска агенција, и го покажува обемот на катастрофата.

Сè уште не е познато колку точно жртви има, но тој број сигурно ќе биде огромен. Цели градови и села исчезнаа под вода, а луѓето бараа засолниште на покривите.

Црвениот крст изјави дека уништувањето што зад себе го остави циклонот „е полошо отколку што замислувавме“, предупредувајќи за хуманитарната катастрофа што ќе следи по оваа природна катастрофа.

„Веќе се забележани некои случаи на колера во Беири, а расте и бројот на заболени од маларија“, се наведува во соопштението.

Бројот на жртви во неодамнешниот налет на циклонот во Мозамбик се зголеми на 417, соопштија властите, додавајќи дека се уништени околу 3.000 квадратни километри површина.

„Имаме 417 мртви и 1.528 повредени“, наведоа властите.

Циклонот Идаи, кој предизвика големи поплави и лизгање на земјиште, го погоди Мозамбик и соседниот Зимбабве.

Во двете држави настрадаа 676 лица.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе