Причина за кризата

Катар на џихадистите им исплатил откупнина од милијарда долари?

Лондонски Фајненшал тајмс ја објави наводната причина за дипломатската блокада на Катар.

„Катар на џихадистите им исплатил до 1 милијарда долари откупнина за членови на кралското семејство кои биле киднапирани во Иран за време на лов, тврдат луѓе вплеткани во нагодувањето за откупнината“, пишува ФТ и тврди дека ова е всушност клучната причина за дипломатската криза.

До ноември минатата година не било познато дали се киднапираните принцови живи, но тогаш со посредство на Иран почнале преговорите со милитантите кои заложниците ги држеле во Сирија.

Конечниот договор наводно бил склучен во април кога откупнината им била платена на лидерите на џихадистичките групи и државни службеници. Овој потег наводно ја разгневил Саудиска Арабија, најголемата економска и оружена сила на Арапскито Полуостров, и претставува „капката што ја прелеала чашата“, тврди изворот на Фајненшал тајмс.

Прекинот на летовите кон и од Доха на кој се решија неколку арапски земји стапи на сила во вторникот, додека обидите за посредување продолжуваат за да се надмине невидената криза околу Катар, изолиран и обвинет дека го поддржува тероризмот.

Додадени се и економски мерки како затворање на сите копнени и поморски граници меѓу арапските земји и Катар, како и забрани за прелетување за катарските воздухопловни компании и ограничувања за движење на лица.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе