Повика на разговори

Каталонскиот лидер: Протестите ќе траат сѐ додека владата на Шпанија не ги слушне нашите барања (ВИДЕО)

Каталонскиот лидер Ким Тора изјави дека масовните протести во тој шпански регион, кои во претходните денови често прераснуваа во судири со полицијата, нема да престанат сѐ додека владата на Шпанија не прифати да ги слушне барањата на каталонските сепаратисти.

„Ова нема да престане ако не седнеме да разговараме“, кажа Тора денес за Асошиејтед прес.

Масовните протести во Барселона и другите каталински градови секојдневно се одржуваат од минатиот понеделник, кога врховниот суд на Шпанија ги осуди деветте поранешни каталонски функционери на затворски казни од девет до 13 години, поради улогата која ја имаа во обидот за одвојување на Каталонија од Шпанија во 2017 година.

Тора го критикуваше шпанскиот премиер во технички мандат Педро Санчез што не се согласил да се сретне со него денес во Барселона, каде што ги посети полицајците повредени на протестите.

Каталонскиот лидер кажа дека Мадрим мора да сфати дека „не може да се управува со Шпанија без слушање на гласот на Каталонците.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе