Конечни резултати

Каталонската влада соопшти како гласале граѓаните

Каталонската регионална влада ги објави конечните резултати од референдумот за независност според кои 90,18 отсто граѓани од излезените на референдумот гласале за одвојување од Шпанија.

На референдумот гласале 2.286.217 лица од вкупно 5,3 милиони Каталонци со право на глас. За отцепување гласале 2.044.038 гласачи.

Податоци објавени на социјалната мрежа Твитер на профилот на каталонската влада покажуваат и дека 7,83 отсто од Каталонците или 177.544 гласале против независноста, пренесува Ројтерс.

Мадрид и понатаму не го признава референдумот кој го прогласи за неуставен.

Уставниот суд на Шпанија вчера донесе одлука за суспендирање на седницата на каталонскиот парламент на која се очекуваше локалните лидери еднострано да прогласат независност на Каталонија од Шпанија и предупреди дека првите луѓе на каталонскиот парламент ќе се соочат со кривична одговорност доколку ја игнорираат судската одлука.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе