Каталонија: Уставниот суд на Шпанија го прогласи каталонскиот референдум за нелегален

Врховниот суд во Шпанија официјално пресуди дека спорниот референдум за независност на Каталонија е нелегален, бидејќи регионалниот закон што го поддржал е во спротивност на шпанскиот устав, пренесе Индепендент.

Каталонскиот регионален парламент го усвои т.н. „закон за референдум за самоопределување“ на почетокот на септември.

Регионалните водачи го започнаа референдумот од 1-ви октомври за тоа дали регионот треба да се одвои од Шпанија.

Шпанскиот Уставен суд претходно привремено го суспендираше законот, додека судиите го оценуваа приговорот на шпанската влада за тоа.

Во својата одлука во вторник, судот соопшти дека законот е против националниот суверенитет и „неразделното единство на шпанската нација“.

Судот соопшти дека парламентарната седница која го одобрила законот исто така била нелегална.

Портпаролот на каталонската влада Џорди Турул рече дека не е изненаден, велејќи: „Се соочуваме со извршна власт во државата која ја користи судската власт за да го блокира законодавството“.

Во Барселона демонстрантите се собраа за нови демонстрации за да побараат ослободување на двајцата водачи на движењето за независност на Каталонија, кои беа затворени во истражна постапка.

Мадридскиот судија во понеделникот привремено ги затвори Џорди Санчез и Џорди Кјуксарт, водачите на основните организации Каталонско Национално Собрание и Омниум Култура.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе