Каталонија не мирува, Пучдаемон може дури и во затвор да оди

Каталонските лидери денеска се согласија да одржат седница во четврток, на која, како многумина стравуваат, би можело еднострано да се прогласи независноста на Каталонија.

Портпаролот на регионалната партија, „Заедно за да“, денес изјави дека на седницата ќе се разгледува одлуката на шпанската влада да започне процес на суспендирање на авторитетот на каталонската администрација и пренесување на овластувањата на централната власт.

Тој додаде дека оваа каталонска партија, членка на мнозинската коалиција во регионалниот парламент, планира да поднесе жалба против таа одлука на  шпанската влада.

Претходно, шпанската влада одлучи да го започне процесот на примена на член 155 од Уставот на земјата, со што ќе ги пренесе овластувањата на администрацијата на Каталонија на централната власт.

Во тој случај, каталонскиот претседател Карлес Пучдаемон ќе ја изгуби целата власт и ќе престане да прима плата веднаш штом Сенатот го одобри членот 155 од шпанскиот устав. Шпанската вицепремиерка Сорин Саенс де Сантамари на шпанското национално радио изјави дека Мадрид може привремено да постави претставник кој ќе управува со Каталонија откако Сенатот ќе ја одобри директната власт на Мадрид над таа провинција, пренесува Ројтерс.

Шпанскиот Сенат се очекува во петок да ги усвои мерките, предложени пред два дена од страна на шпанската влада, за распуштање на каталонската влада и објавувањето на вонредни избори во наредните шест месеци.

Референдумот за независност се одржа во Каталонија на 1 октомври, кога околу 90 отсто од граѓаните гласаа за одвојување од Шпанија. Овој референдум, на кој излезеноста беше малку над 40 проценти, претходно беше прогласен за нелегален од страна на највисокото судско тело на Шпанија.

Каталонскиот лидер, Карлес Пучдаемон, на 10 октомври во својот говор пред Парламентот рече дека Каталонија се приближува кон прогласување на независност, но предложи замрзнување на примената на тој проглас за неколку недели за да дозволи „дијалог со шпанската влада со меѓународно посредување“.

Владата во Мадрид му даде време на Пучдаемон да разјасни дали тој прогласил или не прогласил независност во својот двосмислен говор. Бидејќи тој повторно не даде јасен одговор на 21 октомври, премиерот Рахој го активираше членот 155 од Уставот, а шпанската влада предложи серија мерки за преземање на одговорностите на каталонската регионална влада.

Во исто време, група шпански адвокати пред Врховниот суд на Шпанија поднесоа тужба против Пучдаемон, во која тој е обвинет за злоупотреба на службената должност, непочитување на одлуката на судот и побуна.

Засега не е познато во кој правец ќе се движи овој процес и дали воопшто ќе има процес, но Пучдаемон може да заврши во затвор ако биде осуден за тој прекршок.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе