Каталонија гори, над 125 повредени, илјадници маршираат кон Барселона (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници демонстранти тргнаа утринава од пет каталонски града, минувајќи оддалеченост од 100 километри кон Барселона, каде во петок со масовен протест и генерален штрајк ќе се бара ослободување на затворените заговорници на независноста на Каталонија.

„Маршовите на слободата“, како што ги нарекоа организаторите, се одвиваат од градовите Џирона, Тарагона, Тарега, Берга и Вицо. Зад нив стојат две цивилни организации АНЦ и Омниум културал, чии лидери, Жорди Санчез и Жорди Кујшарт во понеделникот врховниот суд во Мадрид ги осуди на по 9 години затвор поради востание со цел уривање на државниот поредок.

Тие двајца се меѓу деветте каталонски функционери на кои им беа изречени затворски казни од 9 до 13 години откако во 2017 го организираа референдумот за независност на Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители на североистокот на Шпанија, а потоа прогласија самостојна република. Уставниот суд претходно го забрани референдумот.

Демонстрантите носат транспаренти со натписот „Слобода“ и знамиња кои ја симболизираат независноста. Истовремено синдикатите на студентите и учениците почнаа тридневен штрајк. Синдикатите кои ја поддржуваат самостојноста за петок најавија општ штрајк во Каталонија, на која отпаѓаат 19 отсто од шпанскиот БДП.

Синоќа во четирите најголеми каталонски градови – Барселона, Леида, Џирона и Тарагона, дојде до судири на демонстрантите и полицијата при што беа повредени вкупно 125 лица, од кои 60 полицајци. Никој не е потешко повреден.

Каталонската влада повикуваше во претходните денови на ненасилни протести, но по вчерашните судири, кога беа поставувани барикади, палени контејнери и гуми и фрлани предмети врз полицијата, претседателот на каталонската влада Квим Тора свика вонредна седница на својот кабинет.

Шпанската социјалистичка влада уште синоќа објави соопштение во кое порача дека „нејзината цел е да обезбеди мир и соживот во Каталонија и дека тоа, ако треба, ќе го постигне со цврстина, соодветни мерки и единство“. Опозициската десница побара од премиерот Педро Санчез активирање на законот за национална безбедност со кој владата во Мадрид би презела делумна контрола врз Каталонија.

Санчез во текот на денот треба да се сретне со лидерите на трите најголеми опозициски партии.

Неговата влада вчера порача дека не размислува за амнестија за осудените каталонски функционери и дека тие би требало да си ги одлежат казните.

Во Шпанија за помалку од еден месец се одржуваат парламентарни избори, четврти во последните четири години.

Габриел Руфијан, еден од лидерите на Каталонската републиканска левица (ЕРЦ) на која ѝ припаѓа Ориол Жункерас, кој е осуден на 13 години, кажа дека „ни независноста на Каталонија, ни единството на Шпанија, ни што било во животот не вреди за насилство“. Претходно преку социјални мрежи објави дека полицијата претерано реагирала на протестите, а дека сите демонстранти кои се насилни не го претставуваат движењето за независност.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе