Карпентер: Целта на Русија е да ги ослабне ЕУ и НАТО во регионот

Мајкл Карпентер, советникот за надворешна политика на поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден, изјави дека главната цел на Русија е да го ослабне влијанието на ЕУ и НАТО во регионот.

„Русија има силно влијание во Република Српска и Србија, со кои има силни културни врски. Хуманитарниот центар во Ниш е јасен пример за обидите на Русија да го прошири своето влијание во регионот. Сепак верувам дека улогата на Русија на Балканот не е од воена природа, туку само да го нарушува влијанието на ЕУ и НАТО во регионот“, вели Карпентер за порталот Европски Западен Балкан.

Карпентер, кој во Будва учествуваше на форумот 2БС, проценува дека Русија, за остварувањето на своите цели, често се користи со дезинформации.

За односот на САД кон регионот

Тој рече дека не може со сигурност да каже што ќе се случи со американската политика кон Балканот, по промената администрацијата во Вашингтон.

„Мојот впечаток, барем врз основа на претседателската кампања, е дека нема да оди во прилог на регионот. Сите знаеме дека во кампањата најмногу се зборуваше за повлекување на САД од меѓународната сцена и насочување кон решавање на проблемите во самите САД. Во моментов, како и во изминатите неколку месеци не видовме дека официјален Вашингтон обрна внимание на овој регион“, вели Карпентер.

Од друга страна, додава тој, постојат луѓе кои и понатаму ја разбираат важноста на овој регион и кои сакаат тука САД и понатаму да игра значајна улога „како сенаторот Џон Мекејн и заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на американскиот Стејт департмент Хојт Џи, кои неодамна беа во посета на регионот“, вели Карпентер.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе