Карл Нехамер е новиот канцелар на Австрија и лидер на Австриската народна партија

Раководството на Австриската народна партија го избра министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за нов претседател на партијата, а со тоа и за канцелар на Австрија, соопштија од партијата.

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

„Голема чест ми е што оваа одлука е донесена едногласно“, рече Нехамер по изборите. Тој најави дека неговата цел е ОВП повторно да ја направи „народна партија“.

Нехамер бил задолжен за спроведување на тврдокорната имиграциска политика на поранешниот канцелар Себастијан Курц, кој вчера објави дека се повлекува од политиката, што доведе до тоа и канцеларот Александар Шаленберг да објави оставка.

Шаленберг, кој објасни дека отстапува од својата позиција со цел функциите претседател на ОВП и канцелар повторно да бидат обединети во едно лице, се враќа на својата стара должност министер за надворешни работи, на која го замени Курц.

Нов министер за внатрешни работи треба да стане Герхард Карнер.

Карл Нехамер важи за жесток противник на илегалната миграција и исламистичкиот екстремизам. За таа цел, како министер за внатрешни работи започна со темелна реформа на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.

Според мислењата на аналитичарите, Нехамер е познат како соработник на поранешниот канцелар Курц, но не спаѓа во најтесниот круг на неговите соработници. За разлика од Курц, Нехамер, како што наведува агенцијата ДПА, располага со добри контакти во Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), со која ОВП до 2017 година формираше австриска сојузна влада.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе