Отсуство на реакција

Карл Билт: Вучиќ правеше шоу за авионот од Кина, а кога стигна помошта од ЕУ го нема нигде (ФОТО)

Шведскиот политичар и дипломат и копретседавач на Советот на Европа за надворешна политика Карл Билт напиша на Твитер, реагирајќи на помошта која Европската Унија ѝ ја испрати на Србија поради епидемијата на коронавирусот, дека е забележливо отсуството на реакција на српските државни функционери на тоа, како онаа кога пристигна авионот од Кина, пренесува Н1.

Реагирајќи на твитот на амбасадорот на ЕУ во Србија Сем фабрици за помошта која од Брисел стигнала во Белград, Билт напиша дека кога Кина испратила авион со експерти и медицинска опрема, претседателот на Србија Александар Вучиќ од тоа „направи голема претстава“.

„Кога Кина испрати авион со помош за Србија, претседателот Вучиќ направи голема претстава од тоа. Но, кога стигна далеку поконкретната помош од Европската Унија, никаде не можевте да видите ни фанфари ниту претседателот“, напиша Билт.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе