Карипските држави за британските извинувања за ропството: Не е доволен зборот „простете“

Британските финансиски институции што стекнале корист од ропството, како што е лондонски Лојд, не би требало само да се извинат за својата улога во атлантската трговија со робови, туку на вистинскиот начин да се искупат за своите гревови, со инвестирање во Карибите, порачаа карипските земји.

Познатата британска осигурителна компанија Лојд се извини за улогата во трговијата со робови на Атлантикот во 18 и 19 век. Тие ветија дека ќе формираат фондови и организации што ќе отворат нови можности за црните и малцинските етнички групи.

Меѓутоа, Карипската заедница (КАРИКОМ), која се состои од 15 држави од Карибите, вели дека британските институции треба да им вратат дел од своето богатство на Карибите со финансирање на развојот на карипските земји.

„Не е доволно да се каже 'простете'“, рече Хилари Беклс, шеф на комисијата за репарации на КАРИКОМ, формирана од карипските земји за да бараат обесштетување од поранешните колонијални господари како Велика Британија, Франција и Португалија.

„Ние не бараме ништо како просјаци, како давање пари на луѓе на улица“, изјави Беклс од Јамајка за Ројтерс.

„Прашањето на парите е секундарно, но во овој случај, моралното исполнување на нечија должност бара, во пазарната економија, да се придонесе за развој“, додаде тој.

Беклс, историчар од Барбадос, изјави дека наследниците на голем број британски и европски банки, како и други институции во лондонски Сити, „пиеле од чешмата на карипското ропство“.

Колонијалните власти донеле голем број африкански робови на Карибите, кои работеле во тешки услови, претежно на плантажи на шеќерна трска и тутун.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе