Капетанот и првиот офицер на иранскиот танкер уапсени во Гибралтар

Полицијата од британската територија на Гибралтар го уапси капетанот и првиот офицер на иранскиот нафтен танкер Грејс 1 и ги осомничи дека ги прекршиле санкциите против Сирија, објави денес полицијата.

Апсењата следат по сè поголемите тензии со Техеран, бидејќи Лондон ги обвинува иранските бродови дека во средата вечер се обиделе да го блокираат британскиот танкер во Ормутскиот теснец.

Двајцата индиски офицери се на сослушување во главниот полициски штаб на малата британска територија на крајниот јужен дел на Шпанија, соопшти полицијата.

Портпаролот рече дека тие засега сè уште не се обвинети.

Тие се уапсени денес по претресот на бродот кога биле запленети и анализирани документи и електронски апарати, се вели во соопштението на полицијата.

Бродот долг 330 метри со капацитет од 2 милиони барели, Грејс 1 на 4 јули е запрен од полицијата и царината на Гибралтар со учество на британската Кралска морнарица.

Властите на Гибралтар сметаат дека бродот требало да испорача нафта во Сирија, кршејќи ги европските санкции на режимот на Башар ал Асад.

Властите можат да го задржат бродот 14 дена, односно до 19 јули. Задржувањето може да се продолжи до 90 дена.

Иран предупреди дека со задржувањето на танкерот се крши меѓународното право и рече дека се работи за еден вид поморско пиратство и дека тој танкер не пловел кон Сирија.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во средата рече дека Велика Британија ќе се соочи со „последиците“ од запленувањето на иранскиот танкер за нафта.

Британската влада во четвртокот изјави дека иранските бродови во средата вечер се обиделе да го спречат преминот на еден британски танкер во Ормутскиот теснец.

Иран веднаш негираше каков било конфликт и тврди дека во „последните 24 часа немале никаков инцидент со странски бродови во Ормутскиот теснец, па така ни со британски“, наведе Револуционерната гарда во своето соопштение.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе