Капакот на моторот од патничкиот авион на Јунајтед ерлајнс одлетал над Тихи Океан (ВИДЕО)

„Најстрашен лет во мојот живот", вели една патничка откако дел од авионот одлета во воздух.

Летот на Јунајтед ерлајнс бил приморан на итно слетување откако неговиот мотор почнал да се распаѓа над Тихи Океан.

Патниците велат дека слушнале „силно бум“ и авионот „навистина почнал да се тресе“ откако дел од капакот на моторот одлетал во воздух.

Една патничка го опиша како „најстрашен лет во мојот живот“ откако авионот слета безбедно во Хонолулу.

На видеото снимено од еден патник се гледа како на моторот му недостасува надворешниот капак, а тресејќи се парчиња од обвивката летаат на ветрот.

Драмата започнала околу 35 минути пред летот 1175 на Јунајтед ерлајнс од Сан Франциско да слета на Хаваи. Пилотите прогласиле вонредна состојба поради вибрациите во десниот мотор и го предупредиле екипажот на земја на аеродромот.

Боинг 777 слетал безбедно, изјави портпаролот на Федералната администрација за авијација (ФАА). Околу 363 патници и 10 членови на екипажот биле во авионот.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе