За време на карантинот во Франција

Канскиот фестивал ги отвори вратите за бездомниците, филмската елита ќе почека

Палатата на фестивалите сега требаше да се подготвува да ги прими најголемите филмски имиња на својот црвен тепих. Наместо тоа, локацијата на Канскиот филмски фестивал ги отвори своите врати за бездомниците во градот, кои немаат каде да одат за време на карантинот поради коронавирусот.

Годишниот филмски фестивал во француското одморалиште преполно со палми на Француската ривиера требаше да се одржи од 12 до 23 мај, но минатата недела организаторите го одложија настанот за крајот на јуни. Фестивалската сала во петокот ги отвори своите врати за сиромашните.

„Секоја вечер тука имаме помеѓу 50 и 70 луѓе“, рече Доминик Од-Ласе од градското собрание во Кан.

Пред осум дена претседателот Емануел Макрон им рече на 67-те милиони луѓе во Франција да седат дома за да се заштитат од пандемијата и да го забават нејзиното ширење. Тоа е голем проблем за околу 12.000-те бездомници во земјата што живеат на улиците.

Постои загриженост дека коронавирусот може да има големо влијание врз бездомниците, кои честопати живеат без пристап до соодветна санитација и често се болни од други болести. Многумина живеат од милоста на минувачите, кои сега се затворени дома.

На влезот, работник со маска на лицето му ја мери температурата на секое бездомно лице секој пат кога влегуваат на локацијата. Внатре има зона за јадење, блок со тушеви и заеднички простор со телевизија и игри. Во една просторија со низок таван во три долги редици се поставени камперски кревети.

Има и четири куќички за кучиња, во кои се примаат најдобрите пријатели на човекот.

„Знаеме дека кучињата се скапоцени за луѓето што живеат на улиците“, рече Од-Ласе.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе