Кање Вест објави дека ќе се кандидира за претседател на САД, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Кање Вест во саботата објави на Твитер дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе го предизвика републиканецот Доналд Трамп и неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден.

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Господ, обединувајќи ги нашите визии и градејќи ја нашата иднина. Се кандидирам за претседател на Соединетите Држави“, напиша на Твитер Вест со емоџи на американското знаме и хаштагот #2020VISION.

Сè уште не е познато дали Вест, поддржувач на Трамп, навистина има намера да се кандидира четири месеци пред изборите на 3 ноември и дали воопшто поднел официјално барање за влез во претседателската трка.

Во голем број држави, сè уште не е истечен рокот за додавање на независни претседателски кандидати на гласачкото ливче.

Вест и неговата подеднакво позната сопруга Ким Кардашијан го посетија Трамп во Белата куќа.

На состанокот на претседателот и раперот во октомври 2018 година, Вест одржа чуден говор за паралелни универзуми и за своето биполарно растројство за кое всушност тврди дека е всушност недостаток на сон.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина од реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Илон Маск, извршен директор на Тесла и славна личност позната по своите ексцентрични испади, ја поддржа неговата објава на Твитер.

„Имаш целосна моја поддршка“, му напиша Маск.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе