Кандидатите за британски премиер сакаат брегзит без отворени граници во Ирска

Двајцата кандидатите за функцијата премиер на Велика Британија Борис Џонсон и Џереми Хант планираат со Европската унија да склучат договор за брегзит без спорниот безбедносен механизам „бекстоп", кажаа тие за Би-би-си.

„Ќе имаме договор до 31 октомври“, изјави Борис Џонсон.

Челниците на Европската унија само „мораат да исфрлат 175 страници кои се однесуваат на безбедносниот механизам во Ирска“, изјави Џонсон. Тој смета дека алтернативното решение би можело да се пронајде во рамки на договорите за слободна трговија меѓу Велика Британија и ЕУ.

Безбедносниот механизам „бекстоп“, предвиден со спогодбата помеѓу Европската унија и Велика Британија за раздвојување, е крајната мерка, со која би требало границата помеѓу членката на Европската Унија Ирска и британската покраина Северна Ирска да ја остави отворена. Целта на „бекстоп“ е да се избегне враќање на физичките граници помеѓу оваа британска покраина и соседната Ирска, за да се одржи мировниот договор од 1998, но и целокупноста на единствениот европски пазар.

Меѓутоа, најгорливите приврзаници на брегзит го отфрлаат „бекстопот“ стравувајќи дека Велика Британија со тоа ќе остане во трајна царинска унија со Европската унија.

Џереми Хант, исто така, даде интервју за Би-би-си и рече дека сака да го смени „бекстоп“ за од британските претставници да добие зелено светло за договор за разделување.

Британските претставници трипати го отфрлаа договорот за разделување што премиерката Тереза Меј го преговараше со Европската унија.

И покрај тоа што европските лидери редовно повторуваа дека нема повторно да преговараат за договорот и дека тој е најдобар можен, Џереми Хант во петокот повтори дека германската канцеларка Ангела Меркел му рекла дека „ако новиот британски премиер предложи некое ново решение за границата со Ирска, тие ќе го разгледаат“.

Борис Џонсон тврди дека излезот ќе настапи на 31 октомври, а Хант внимателно избегнува да наведе датум и очекува дека може да настапи до Божиќ.

Во интервјуто што во петокот го даде за Би-би-си, премиерката во заминување Тереза Меј, рече дека ја напуштa функцијата со мешавина на „гордост“ и „разочарување“ и жали што дозволила прeголема поларизација околу брегзит.

Името на наследникот на Меј ќе биде познат на 23 јули.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе