Ја измамила смртта

Канаѓанка преживеала пад од 1.500 метри откако ѝ откажал падобранот

Една љубителка на падобранството од Канада ја измамила смртта откако не ѝ се отвориле ни главниот ни резервиниот падобран.

Сведоците велат дека ја виделе жената како паѓа и дека е вистинско чудо што останала жива по падот од висина од околу 1.500 метри, пишува британски Индепендент.

Таа паднала на крошни на густи дрвја што го ублажило нејзиниот пад. Минала само со неколку скршени коски, вклучувајќи и еден пршлен.

Таа била префлена во болница поради скршениците, но, како што соопштиле лекарите, не е во животна опасност.

Полицијата на Квебек истражува дали имало некакви пропусти кои довеле до тоа ни главниот ни безбедносниот падобран да не се отворат.

Идентитетот на жената која го преживеала падот од авион не е откриен, но познато е дека станува збор за 30-годишна жена која е искусна во падобранството.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе