Забраната доаѓа во време кога во САД стапува на сила мерка за која се залагал Доналд Трамп, со која се дозволува увоз на лекови од странство со цел намалување на нивната цена.
Мерката ќе им овозможи на американските фармацевтски компании и трговци да увезуваат на големо некои лекови на рецепт наменети за канадскиот пазар.
„Нашиот здравствен систем е симбол на нашиот национален идентитет и сакаме да го заштитиме“, рече Пети Хајду, министерка за здравство во Канада.
Канада е мал пазар со само два проценти од глобалната продажба на лекови, а САД скоро половина - 44 проценти. Но, Канада 68 проценти од своите лекови ги набавува во странство.
Од 2017 година, скоро половина од лековите (44 проценти) што се продаваат во Канада „барем еднаш“ биле во недостиг, вели Хелт Канада.
Во пандемијата, побарувачката за некои лекови е зголемена, што дополнително го отежнува редовното снабдување во Канада.