Канаѓанец загина на воена вежба во Бугарија, не му се отворил падобранот

Канадски падобранец загина вчера вечер на воена вежба под американска команда во Бугарија, додека друг Канаѓанец и двајца Американци се повредени, пишуваат бугарските медиуми.

Портпаролката на бугарската војска Виолина Валева рече дека жртвите се странски државјани, но не наведе од кои земји. Војниците скокнаа со падобран во ноќта од висина на 400 метри, додаде таа.

Несреќата се случила над аеродромот Чешнигиров, во близина на Пловдив на југ, додека трупите за брзи интервенции вршеле падобрански скокови во рамки на вежбата Брз одговор во која учествувале повеќе земји на НАТО, објави Министерството за одбрана.

Како што пишува информативната веб-страница Трафик њуз, на канадскиот војник не му се отворил падобранот, а другите тројца биле повредени бидејќи скокнале премногу брзо еден по друг. Животот не им е во опасност, пишува порталот Дневник Бугарија.

Брз одговор е вежба под американска команда која се одржува во Бугарија, Хрватска и Романија од 11 до 24 јуни со учество на 5.600 војници, вклучувајќи 1495 падобранци. Во неа учествуваат Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Велика Британија, САД и Канада.

Целта на оваа воена вежба е „да се подобри воздушната операбилноста меѓу членките на НАТО“. Бугарија е членка на Северноатлантскиот сојуз од 2004 година.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе