Канадскиот премиер одби да ја покани Русија на самитот на Г7

Канадскиот премиер Џастин Трудо во понеделникот го отфрли учеството на Русија на претстојниот самит на Г7 нациите, и покрај тоа што домаќинот американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја покани Москва.

„Русија беше исклучена од Г7, откако го нападна Крим пред неколку години", изјави Трудо пред новинарите, пренесе АФП.

„Нивното континуирано непочитување и провокација на меѓународните правила и норми е зошто се надвор од Г7 и ќе продолжат така“, додаде тој.

Во саботата Трамп изјави дека ќе го одложи планираниот јунски самит на лидерите на Соединетите Држави, Германија, Велика Британија, Канада, Франција, Италија и Јапонија, откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да присуствува поради пандемијата на коронавирусот.

Трамп рече дека во септември може повторно да се обиде и да покани и други земји, меѓу кои и Русија, да се приклучат на состанокот.

„Не чувствувам дека Г7 правилно го отсликува она што се случува во светот. Тоа е многу застарена група на земји“, рече Трамп.

Тој рече дека би сакал да ги покани Русија, Јужна Кореја, Австралија и Индија да се приклучат на еден проширен самит на есен.

Кремљ во понеделникот соопшти дека Трамп го повикал претседателот Владимир Путин и разговарал за неговиот план за одржување на презакажан самит на Г7 „со можна покана на лидерите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја“.

Трудо, сепак, категорично ја отфрли оваа можност.

„Навистина е важно да ги одржуваме овие состаноци и да се осигураме дека меѓународно сме координирани во ова време на криза“, рече тој.

Русија во 2014 година беше избркана од Г8, како претходно што беше позната, откако го нападна и зазеде Крим од Украина и го прогласи за дел од руската територија.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе