Канадскиот премиер клекна со демонстрантите во знак на солидарност (ВИДЕО)

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна во солидарност со демонстрантите вчера за време на антирасистичкиот митинг што се одржа во Отава.

Фото: Јутјуб

Опкружен со телохранители со маски, Трудо клекна додека демонстрантите бараа крај на полициската бруталност и расистичко однесување кон црнците, извикувајќи: „Ајде да му се спротивставиме на Трамп! Да му се спротивставиме на Трамп!“

Собирот во Отава е еден од неколкуте митинзи планирани во градовите низ Канада во знак на солидарност со протестите во Соединетите Држави предизвикани од насилната смрт на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој минатата недела беше убиен од полицаец во Минеаполис.

Со црна маска преку носот и устата, Трудо ракоплескаше и кимна кога еден од говорниците рече дека сите треба да изберат што ќе бидат - „расисти или антирасисти“.

 

На прашањето за војската што ја праќа Трамп, Трудо молчеше 21 секунда

Канадскиот премиер, кој минатата недела беше принуден на ризичен дипломатски потег, изразувајќи „ужас и шок“ од случувањата во САД и во исто време обидувајќи се да не го именува или навредува сегашниот американски претседател, во меѓувреме се соочи со растечки притисок од јавноста, која го повика јавно да му се спротивстави на Доналд Трамп.

Трудо во вторникот цели 21 секунда се колебаше пред да одговори на прашањето за Трамповата закана дека ќе ја употреби војската за да ги смири протестите низ Соединетите Држави.

Наместо тоа, тој го сврте вниманието на проблемите со кои се соочува Канада кога станува збор за системскиот расизам против домородните заедници и расните малцинства во земјата.

„Сите со ужас и чудење гледаме што се случува во Соединетите Држави. Време е да се поврземе, време е да слушаме. Време е да учиме затоа што неправдата продолжува и покрај постигнатиот напредок. Но време е и ние, Канаѓаните, да признаеме дека имаме сопствени проблеми. И канадските црнци секојдневно се соочуваат со дискриминација, сè уште постои систематска дискриминација во Канада, која многумина од нас не ја гледаат, но таа е реалност“, рече тогаш Трудо.

„Мислам дека премногу Канаѓани чувствуваат страв и вознемиреност кога ќе видат полицајци затоа што во оваа земја ние сè уште се соочуваме со системски расизам и систематска дискриминација“, повтори Трудо вчера на брифинг пред новинарите.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе