Канадскиот град Азбест одбра ново, помалку токсично име

Жителите на канадскиот град Азбест одлучија да го сменат името во Вал-де-Сорс со надеж дека повеќе нема да го поврзуваат со неговото рударско минато и со смртоносниот минерал.

Фото: ЕПА

Азбест, град со 6.700 жители, на околу сто километри од Монтреал, е историски поврзан со блискиот рудник за азбест Џефри, кој бил активен до 2012 година и го чинел столбот на локалната економија.

Но, од економски причини, градот одлучи да го смени името затоа што со години ја губел „маркетиншката војна“ со азбестот, влакнест минерал што се користел за изолација на згради и пред четириесет години СЗО го прогласи за канцероген.

„Зборот азбест во никој случај нема добра конотација и стана пречка во развојот на економските односи со другите“, објави градскиот совет по одлуката за преименување.

Градоначалникот Хју Гримард е горд што тоа е направено на единствен начин.

Во изборот учествувале сите граѓани над 14-годишна возраст кои избирале меѓу шест понудени имиња: Вал-де-Сорс, Азур-де-Кантонс, Џефри-сур-ле-Лак, Ларошел, Феникс и Труа-Лек.

Ова се предлози од самите граѓани и требало да исполнат само два критериума - името да биде на француски јазик и да ја илустрира историјата на градот, но без поврзаност со азбесот.

Вал-де-Сорс победи со 51,5 проценти од гласовите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе