Канада продолжува да вакцинира со Астразенека: користа е поголема од ризикот

Канада објави дека открила втор случај на згрутчување на крвта за една недела со мал број тромбоцити по примената на вакцината АстраЗенека, но земјата сепак препорачува таа да се употребува.

Фото: ЕПА

Случајот е забележан кај лице што живее во покраината Алберта на западот на земјата, кое примило вакцина на Астразенека произведена во Индија од институтот Серум, објавија здравствените власти на Твитер и прецизираа дека лицето е под „третман и закрепнува“.

Првиот случај беше пријавен минатиот вторник кај жител на Квебек, кој ја примил истата вакцина.

Случаите на згрутчување на крвта со ниски тромбоцити по вакцинирањето со вакцината на Астразенека сè уште се „многу ретки“ и Канада продолжува да верува дека придобивките од вакцината за заштита од ковид-19 ги надминуваат потенцијалните опасности, соопштија властите.

Кон крајот на март, Националниот советодавен одбор за вакцинација (ЦЦНИ) препорача да се прекине употребата на оваа вакцина кај лицата под 55-годишна возраст сѐ додека не се проценат ризиците.

Канадските здравствени власти во средата изјавија дека засега употребата на вакцината не треба да биде ограничена на одредени возрасни групи, а ЦЦНИ ги анализира достапните податоци за можна промена на мислењето.

По бавниот почеток, вакцинацијата во Канада забрзува. Досега, 23,3 проценти од населението примило барем една доза вакцина, според Ковид-19 тракер Канада.

Земјата беше погодена од трет бран на инфекција, па затоа некои покраини неодамна ги заострија мерките.

Онтарио, каде што има најмногу случаи, во петокот најави дека ќе ги заостри и прошири ограничувањата на движењето до 19 мај. Границите со Квебек и Манитоба од понеделник ќе бидат затворени за сите движења што не се нужни.

Од почетокот на пандемијата, Канада има повеќе од 1,1 милион заразени и околу 23.500 мртви.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе