„ГИ ПРЕКРШИЛ ПРАВИЛАТА НА ОДНЕСУВАЊЕ“

Канада: Носел качкет со слоганот од кампањата на Трамп па е казнет со месец дена без плата

Канадскиот судија Бернд Забел беше суспендиран на еден месец, без плата, бидејќи носел качкет со слоганот од кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема" денот по победата на Трамп.

Забел, според мислењето на комисијата, „ги прекршил правилата на однесување на судот“, пренесе Би-би-си.

Комисијата се сретнала минатиот месец да дискутира за можните санкции против судијата, а се разгледувала и опцијата за траен отказ.

Наспроти неговото однесување, комисијата дошла до заклучок дека Забел е недвосмислено објективен судија.

Тој призна дека неговата постапка е резултат на лоша проценка.

По рекордните 81 жалби, се извини за она што го нарече „неуспешен обид да се одбележи моментот во историјата со хумор, по неочекуваните резултати на претседателските избори во САД.“

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе