Кан: Пакистан им дал информации на ЦИА кои довеле до откривање на Бин Ладен

Пакистанскиот премиер Имран Кан изјави дека пакистанската разузнавачка служба ИСИ ѝ дала на американската ЦИА трага која ѝ овозможила да го лоцира и убие лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

„ИСИ даде информации што доведоа до откривање на Осама бин Ладен. Ако ја прашате ЦИА, ќе видите дека ИСИ ја даде почетната локација преку телефонски податоци“, рече Кан во интервју за Фокс њуз.

Пакистан досега негираше дека дал било каква информација за основачот на Ал Каеда, кој после повеќегодишна потера е убиен од страна на американски командоси во куќа во пакистанскиот Аботабад, стотина километри северно од Исламабад.

Сепак, пензионираниот пакистански генерал Асад Дурани, шеф на ИСИ од 1990 до 1992, во книга објавена во 2018 година, изјави дека пакистанските власти најверојатно му дојавиле на Вашингтон каде се крие Бин Ладен истовремено „глумејќи незнаење“ бидејќи соработка со САД за „лицето кое многумина во Пакистан го сметаат за херој би можело да биде понижувачко за владата“.

Кан е во посета на Вашингтон, за време на која се состана со претседателот Доналд Трамп во обид да ги подобри односите меѓу двете земји.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе