Камера снимила што направил ураганот Ида за еден час (ВИДЕО)

Ураганот Ида ја погоди вчера американската сојузна држава Луизијана, југозападно од Њу Орлеанс, како ураган од 4-та категорија, објави американскиот Национален центар за урагани во Мајами.

EPA-EFE

Тој донесе со себе максимални ветришта од околу 240 километри на час кога го погоди брегот при минувањето на Мексиканскиот Залив, соопшти Центарот.

И покрај ризикот да се засили во ураган од 5-та категорија, Ида сепак постепено се смири откако навлезе на копното.

Ураганот Ида го погоди брегот во близина на Форт Форшон, шестнаесет години по ураганот Катрина кој го уништи тој регион на југот на САД.

Безбедносните камери на пожарникарската станица во Делакроа во сојузната држава Луизијана забележале што направил ураганот за само еден час.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе