„Камбоџа не е канта за отпадоци“

Камбоџа им враќа 1600 тони пластичен отпад на САД и Канада

Камбоџа се приклучи на групата азиски земји кои одлучија да ги вратат пратките пластичен отпад што им ги испратија западни компании, објави Си-ен-ен.

Официјални лица од земјата во средата соопштија дека на САД и Канада ќе им ги испратат назад 1600 тони ѓубре.

Државниот секретар и портпарол на Министерството за животна средина Нет Пектра изјави дека 83 контејнери со пластичен отпад биле пронајдени во вторникот во главното југозападно пристаниште Сихануквил. Тие биле означени како „производи што можат да се рециклираат“ и немале ознака дека содржат пластичен отпад.

„Камбоџа не е канта за отпадоци во која странските земји можат да го фрлаат својот отпад. Покрај тоа, владата остро се противи на секој обид за увоз на пластичен отпад и лубриканти да се рециклираат во земјата“, рече Пектра.

Ова е само последниот во низата инциденти во глобалната криза за справување со ѓубрето, при што западните земји се обидуваат да испратат електронски отпад и пластика во Југоисточна Азија.

Во 2018 година, во рамки на Иницијативата за чиста животна средина, Кина забрани увоз на пластичен отпад, по што светските снабдувачки синџири го насочија својот отпад во Малезија или на Филипините.

Во мај оваа година, Малезија вратила 450 тони пластичен отпад во Велика Британија, Канада, САД, Јапонија и Холандија.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе