Калифорнија воведе нов полициски закон, смртоносна сила само кога е „неопходно“

Калифорниските полицајци од сега ќе можат да прибегнат кон смртоносна сила само кога тоа е „неопходно" поради закана, наместо досегашната „разумна" употреба, според новиот закон потпишан од гувернерот Гавин Њусам.

Според овие построги стандарди, полицијата за употреба на сила ќе мора да верува дека нема друг избор освен „да се бранат од претстојната закана од смрт или повреда на полицијата или други лица“, се наведува во новиот закон.

Властите велат дека новиот закон е еден од најстрогите во САД и делумно е одговор на полициските убиства на невооружени Афроамериканци. Меѓу нив е и 22-годишниот Стефон Кларк кој беше убиен од полицијата во март 2018 година, што предизвика протести низ целата држава.

Афроамериканецот Кларк е убиен додека во градината на својата баба стоел со мобилен телефон во раката. Двајцата полицајци биле ослободени во март, што предизвикало дополнителни протести.

При потпишувањето на законот Њусам искажа надеж дека новиот закон ќе стане модел за целите Соединетите Американски Држави.

„Каде тргна Калифорнија, оди и остатокот на Соединетите Американски Држави“, изјави за американските медиуми, додавајќи дека мерката испраќа порака до граѓаните ширум државата дека „може да се направи повеќе“.

На покана на гувернерот, семејството на Кларк, исто така, присуствуваше на потпишувањето.

Законот стапува на сила во јануари, но не се сите задоволни од тоа.

Стефон Кларк, брат на убиенот, за ЛА Тајмс изјави дека законот е разводенет и „тоа сите го разбираат“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе