сабота, 20 април 2024

Ферстапен победи на првата спринт трка во Ф1 оваа сезона

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен имаше доминантен настап на спринт трката во Кина иако стартуваше од вториот ред.

Објавено на

часот

Сподели

Ферстапен стартуваше од четвртата позиција, но по неколку круга го презема првото место, а потоа создаде голема предност пред конкурентите и рутински триумфираше.

На второто место се најде Луис Хамилтон од Мерцедес, а последното на пиедесталот беше за Серхио Перез од Ред Бул.

Бодови освоија уште и Леклер, Саинц, Норис, Пјастри и Расел.

Денеска се возат и квалификациите за главната трка која на програмата е утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ