Калифорнија избриша 85.000 судски пресуди за марихуана

Повеќе од 85.000 пресуди за помали прекршоци во врска со употреба на марихуана автоматски ќе бидат избришани од судските записи благодарение на новата компјутерска програма која започна да се применува во Калифорнија, каде продажбата и употребата на марихуаната во рекреативни цели е легализирана во 2018 година.

„Оваа мерка ќе го донесе потребното олеснување на небелото население, кое претрпе премногу од неправедните последици од нашите закони на тоа поле“, рече Џеки Лејси, главен јавен обвинител во округот на Лос Анџелес во кој ќе се избришат 53.000 пресуди.

Од 53.000 лица опфатени со мерката во округот на Лос Анџелес, 32 проценти се црнци, 45 проценти „латиноси“, а 20 проценти се белци, според канцеларијата на јавниот правобранител.

Овие пресуди, од кои некои се изречени уште во 1961 година, честопати се пречки за вработување и пронаоѓање стан.

„Оваа технологија може за неколку секунди да препознае кои случаи се соодветни за примена на оваа мерка и на тој начин да му помогне на персоналот да не мора да го проучува секое поединечно досие во судската архивата“, се пофалија службите.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе