Какви тајни крие оклопниот воз на Ким Џонг Ун (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун користи свој личен оклопен воз за патување во други земји. Возот го наследи од својот татко, кој со истиот воз некогаш патуваше во Кина и Виетнам.

Ким Џонг Ун со овој воз допатува во Владивосток, каде што ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот оклопен вагон на Ким Џонг Ил му го подарил Јосиф Сталин. Се разбира дека локомотивата и вагоните во повеќе наврати биле модернизирани во изминатите децении. Композицијата е составена од 10 до 17 оклопни вагони. Севернокорејските лидери никогаш не патувале без телохранители, поради што оваа железничка композиција претставува вистинска тврдина. Иако однадвор возот изгледа прилично скромно, внатре има вистински дворец на шини. Вагоните во композицијата се многу различни.

Има ресторан и кујна, и таканаречен „економски“ вагон кој лидерот на Северна Кореја го користи за советувања за време на самото патување. Предвидени се и посебни вагони за телохранителите, придружбата и послугата.

Секој вагон е блиндиран, благодарение на најсовремена технологија. Додека патнички вагон тежи околу 60 тони, вагон на возот на севернокорејскиот лиддр е околу 80 тони.

Уште една интересна карактеристика на возот на севернокорејскиот лидер е што во него се користени специјални материјали за криење од следачи-шпиони. Очигледно е дека севернокорејскиот државен врв стравува од надзорот на Јапонија и САД. Детали за користењето на „стелт“ технологија за прикривање нема многу. Точно е дека во конструкцијата на возот има средства за заштита од термо, звучни и радарски шпионски уреди. Сите канали за комуникација во возот се повеќекратно кодирани за заштита од пресретнување и прислушување.

Возот поседува систем за целосно херметичко затворање и принудна вентилација. Тие средства треба да му овозможат на лидерот да преживее во случај на нуклеарен, хемиски или бактериолошки напад.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе