„Ако не ги средиме сега, ќе имаат повеќе проектили од нас“

Како Трамп во 1999 повикуваше на војна против Северна Кореја (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани во петокот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун дека ќе зажали ако ја нападне американската територија Гуам.

„Ако направи што било во насока на Гуам или која било друга американска територија, или некој американски сојузник, тогаш тој навистина брзо ќе зажали“, кажа Трамп на неформалната конференција за новинарите во Бедминстер во Њу Џерси, каде што е на одмор.

Ова е само продолжение на острата реторика меѓу Вашингтон и Пјонгјанг во последните денови. Трамп, меѓу другото, на Северна Кореја прилично отворено ѝ се закани со нуклеарна војна, а на Твитер напиша дека оружјето е спремно.

Си-ен-ен објави снимка од 1999 година на која Трамп ја коментира севернокорејската нуклеарна програма. Како што се гледа од интервјуто, Трамп и тогаш заговарал политика на ниска толеранција кон Северна Кореја предлагајќи, ако пропаднат преговорите, итно да се преземат „драстични мерки“.

„Погледнете ја Северна Кореја, изработуваат проектили кои никогаш никој не ги видел и за нас е подобро да направиме нешто брзо околу тоа“, кажал Трамп во 1999.

„Ова ќе го кажам. Со нив треба да се оди да се разговара и ако не успееме да ги сопреме во тоа што го прават, тогаш треба да се преземат драстични акции. Бидејќи, ако не ги средите сега, ќе имате големи проблеми за пет години кога тие ќе имаат повеќе проектили отколку што имаме ние“, кажа Трамп додавајќи дека воопшто не е спорно тоа дали Северна Кореја развива нуклеарна програма. „Тие се целосно надвор од контрола“.

„На прашањето на новинарот дали под драстични мерки подразбира превентивен напад каков што, на пример, изврши Израел во осумдесеттите кога се посомнева дека Ирак развува нуклеарна програма.

„Тоа не може да се исклучи. Она што го направи Израел е фантастично“, кажал Трамп на 28 ноември 1999.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе