Њујорк

„Како се осмелувате?“, ги праша Грета Тунберг светските лидери на ОН (ВИДЕО)

Видно лута Грета Тунберг ги прекори светските лидери, при денешното обраќање на климатскиот самит на ОН, обвинувајќи ги дека ја изневериле нејзината генерација, бидејќи не успеале да се справат со емисиите на гасовите со ефект на стаклена градина и ги праша „Како се осмелувате?“

Шведската тинејџерка, која стана светско лице на растечкото движење на младите против неактивноста за климата, започна со тоа што на својата публика ѝ рече: „Мојата порака е дека ќе ве следиме“, рече таа.

„Сето ова е погрешно. Не треба да бидам овде. Треба да се вратам на училиште на другата страна од океанот“, рече 16-годишната девојка, која на една година ги прекина студиите.

„Доаѓате кај нас младите за надеж. Како се осмелувате?“ згрме таа.

„Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови, но сепак јас сум една од среќните. Луѓето страдаат, луѓето умираат, целиот екосистем се распаѓа“.

„Ние сме на почеток на масовно истребување и сè за што зборувате се парите и бајките за вечен економски раст. Како се осмелувате!“

Таа додаде дека во разговорите со лидерите, ѝ било кажано дека младите се слушнати и итноста е разбрана.

„Но, без оглед колку сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа, затоа што ако навистина ја разбирате ситуацијата и продолжувате да не делувате, тогаш вие би биле злобни и одбивам во тоа да верувам“.

Тунберг потоа ги детализираше различните цели кои се пропуштени, а со што е зголемен ризикот од „неповратни верижни реакции надвор од човечка контрола“.

Таа, исто така, на самитот ги повика државите да ги прошират своите обврски велејќи: „Нема да има никакви решенија или планови презентирани во согласност со овие бројки денес, овде, затоа што овие бројки се премногу непријатни, а вие сè уште не сте доволно зрели да го кажете како што е“.

„Нè изневерувате“, заклучи таа. „Но, младите почнуваат да го разбираат вашето предавство“.

„Очите на сите идни генерации се кон вас, и ако решите да не изневерите. Ви велам, никогаш нема да ви простиме!“

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе