Како се одвивала операцијата за убивање на лидерот на ИСИС (ФОТО)

По живот посветен на тероризмот, лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади умре „цимолејќи и плачејќи“, рече Доналд Трамп. Еве како се одвивала операцијата за убиство на водачот на џихадистите, според американскиот претседател.

Каде се случило тоа?

Ирачанецот терористички водач умрел за време на рација врз неговото засолниште во селото Бариша во провинцијата Идлиб, северозападна Сирија. Куќата се наоѓа во една од последните области на земјата што не се контролирани од сириската влада. Трамп откри дека Русија го отворила својот воздушен простор за да им овозможи на американските специјални сили да ја извршат рацијата.

Засолништето на Багдади

Кога се случило тоа?

Двочасовната операција се случила во саботата навечер. „Американските сили за специјални операции извршија опасна и смела ноќна рација во северозападна Сирија и во голем стил ја исполнија својата мисија“, рече Трамп во телевизиското обраќање од Белата куќа.

 

Како било изведено тоа?

Трамп рече дека американските сили наишле на „огромна оружена моќ“ кога пристигнале во зградата каде што се криел ал-Багдади со семејството и своите соработници. „Имотот во тоа време требаше да биде расчистен, а луѓето или да се предаваат, или да бидат стрелани и убивани“, рече тој, додавајќи дека 11 малолетни деца биле изнесени од куќата неповредени.

Зградата во која бил Багдади била срамнета со земја при операцијата

Откако била расчистена куќата, милитантот побегнал по еден тунел со три од своите деца, каде што и се самоубил сосе децата, со тоа што активирал самоубиствениот елек пред да биде фатен.

„Тој стигна до крајот на тунелот додека нашите кучиња го бркаа. Го активира својот елек, убивајќи се себеси и своите три деца. Неговото тело беше осакатено од експлозиите. Тунелот се урна врз него“, рече Трамп.

Водачот на т.н. Исламска држава бил позитивно идентификуван со ДНК-анализи 15 минути откако починал. „Тој беше болен и расипан човек и сега го нема“, додаде Трамп.

 

Колку луѓе умреле?

Фотографија од Собата за вонредни ситуации за време на рацијата, објавена од Белата куќа

Иако допрва треба да се дадат точни бројки, Трамп рече дека „многумина“ од луѓето на ал-Багдади биле убиени во рацијата. Тој рече дека американските сили не претрпеле загуби на персонал, а единствената рана ја добило воено куче. Тој им се заблагодари на Русија, Турција, Сирија и Ирак за нивната поддршка во завршувањето на мисијата.

Објавено

Недела, Октомври 27, 2019 - 19:30

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе