„Ова е суд на НАТО“

Како Ратко Младиќ дивееше во судницата при изрекувањето на пресудата (ВИДЕО)

Ратко Младиќ утринава беше присутен во судницата на Хашкиот трибунал, што не се знаеше до последен момент, бидејќи имаше шпекулации дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата.

Младиќ беше дури добро расположен. При влегувањето во судницата тој се смееше, мафташе и се поздравуваше со луѓето кои му пружаа раце.

Но, во еден момент пред самото изрекување на пресудата тој побара пауза наводно поради повишен крвен притисок. Судијата Алфонс Орие му овозможи десетминутна пауза, која се продолжи на 40-тина минути.

По враќањето во судницата почна читањето на пресудата. Но, тогаш Младиќ почна да дивее и да вика и да гестикулира со рацете.

„Ова што вие го зборувате е лага, сѐ што кажа е лага“, викаше Младиќ. „Војуваат по Сирија и во целиот свет. Ова е суд на НАТО“, кажа Младиќ пред да му го исклучат микрофонот.

Тој потоа беше остранет од судницата па пресудата за доживотен затвор поради воени злосторства во БиХ ја дочека некаде надвор.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе