Драматично предупредување на српска лекарка

„Како преку ноќ да примивме цела инфективна клиника, не знам колку ќе издржиме со ваков прилив на болни“

На Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Србија има 92 пациенти со умерено тешка и тешка клиничка слика. Д-р Ивана Милошевиќ, заменик-директорка на Клиниката за инфективни и тропски болести за РТС изјави дека 144 пациенти биле примени во болниците низ Белград во последните 24 часа.

Милошевиќ рече дека во последните 24 часа се прегледани 320 пациенти, а околу 100 во текот на ноќта.

„Во последните 24 часа, 144 пациенти се примени во болниците низ целиот Белград, а 12 на Клиниката за инфективни болести. Ова значи како да сме примиле цела инфективна клиника, целиот нејзин капацитет, во рок од 24 часа. Огромен е приливот на пациенти“, рече Милошевиќ и додаде дека откако почнало ова, здравствените работници првпат се посериозно загрижени.

„Со таков прилив на пациенти прашање е колку ќе можеме да издржиме. Затоа апелирам до сите ваши гледачи да носат маски“, истакна Милошевиќ.

„Сите пациенти, и оние на инвазивна и оние на неинвазивна вентилација се потенцијално во животна опасност. Има многу млади луѓе, имавме само еден пациент во длабока старост. Сите мора да внимаваат“, нагласи Милошевиќ.

Таа рече дека сега е многу потешко отколку во март и април.

„За нас е многу потешко, затоа што во моментот кога се премина на нашата добра волја и на нашата совест, работите добија поинаков тек. Нè загрижува огромниот прилив во болниците низ цела Србија. Со ваков прилив на пациенти, се плашам дека нема да можеме да се грижиме за сите болни“, рече таа.

Таа нагласи дека мора да се почитуваат сите мерки затоа што, доколку не се почитуваат, „нема да можеме да се избориме со оваа чума“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе