„Како оди брегзитот?“

Политичките и економските превирања во Британија беа дочекани со слабо прикриено задоволство од проевропските и левичарските политичари во странство, при што некои коментатори прават паралели со хаотичната Италија.

Фото: ЕПА

Новиот британски канцелар на финансии Џереми Хант две недели порано од планираното ги претстави новите мерки што се однесуваат на даноците и потрошувачката, во обид да ја подобри ситуацијата по драматичното губење на довербата на инвеститорите во владата на премиерката Лиз Трас.

„Како оди брегзитот“, објави на Твитер ветеранот белгиски политичар Гиј Верхофштад. „Едно е сигурно: хаосот не почна во 2022 година, туку во 2016 година“, додаде тој мислејќи на британскиот референдум за напуштање на ЕУ.

Слични забелешки имаше и шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, кој ги критикуваше првобитните предлози на британската премиерка за намалување на даноците. „Неолибералниот пат киксна во претходните финансиски кризи, предизвикувајќи големи страдања, и повторно ќе доведе до пропаст на оние што го следат - како што имавме можност да видиме во Обединетото Кралство“, рече тој во шпанскиот парламент.

Надвор од Европа, американскиот претседател Џо Бајден рече дека британскиот план за намалување на даночните стапки за оние со највисоки примања е „грешка“. Бајден, демократ, често ја критикува економската политика на конзервативците, кои во САД се поврзуваат со поранешниот претседател Роналд Реган и со републиканците, истакнува Ројтерс.

„Не се согласувам со идејата за намалување на даноците на огромното богатство“, им рече тој на новинарите во саботата.

Дури и британскиот конзервативен весник Телеграф, кој го поддржа брегзитот, во уредничкиот коментар во неделата призна дека економските цели пропаднале. „Британската трансформација во нова Италија е речиси завршена“, гласеше насловот на написот, во кој беа повлечени многубројни паралели меѓу економскиот пад на двете земји и политичката нестабилност.

Британија во изминатите шест години имаше четири премиери, што, според Ројтерс, е нов тренд на влади што се менуваат како на подвижна лента, слично на оној во Рим.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе