Најбогатиот малтешки бизнисмен обвинет за убиство, премиерот дава оставка

Како кучето по име Питер разгоре политичка криза на Малта и серија апсења и оставки (ВИДЕО)

Неделата полна со апсења и оставки, драми и гнев што не беа видени на Малта со генерации можеби немаше да се случи да не беше острото сетило за мирис на полициското куче Питер.

Шпаниелот на 13 ноември, додека ги „проверувал“ патниците на летот од Валета кон Истанбул, кај еден од нив намирисал многу пари и веднаш ги предупредил полицајците.

Цариниците во неговиот куфер пронашле 210.000 евра, па била повикана финансиска полиција, пренесува Гардијан.

Истрагата доведе до апсење на таксистот Мелвин Теума, кој во текот на сослушувањето сензационално рече дека бил посредник во договарањето на убиството на најпознатата истражувачка новинарка на Малта, Дафне Каруана Галиција.

Последица од тврдењата на Теума е најголемото политичко превирање во најмалата земја на ЕУ уште од 1960-тите години, кога поранешната британска колонија стана независна држава.

Теума, во замена за имунитет, ги откри деталите за убиството, по што следуваа низа апсења и оставки во Валета, а најсензационално беше неговото тврдење дека човекот што платил 150.000 евра за да се убие новинарката е угледниот бизнисмен Јорген Фенек.

Следуваше апсење на Фенек кога тој се обиде да ја напушти Малта на својата јахта, а за време на сослушувањето тој сведочеше против шефот на кабинетот на премиерот Џозеф Мускат, Кит Шембри.

Шембри беше уапсен, па пуштен од затвор, а Малтежани поради тоа бараат оставка од премиерот.

Синоќа Фенек беше обвинет за убиство на новинарката, а премиерот Мускат најави оставка од функцијата.

По двегодишен застој, властите последниве денови ги засилија истрагите за случајот со Каруана Галиција, која загина во 2017 година од бомба што експлодира под нејзиниот автомобил. Осум месеци пред да загине, Каруана Галиција откри дека тогашниот министер за енергија, Конрад Мици, и Шембри набргу откако стапиле на функциите извлекле финансиска корист од тајни офшор-компании. Обајцата го негираа тоа, а поради откритието Каруана Галиција стана цел на критики од лабуристичката влада на Мускат.

Адвокатите на Фенек изјавија дека тој е спремен да сведочи против високи функционери во замена за имунитет, вклучително и против Шембри, кој неделава ја напушти функцијата шеф на кабинетот на Мускат.

Тројца мажи ги чека судење поради поставувањето на бомбата од која загина Каруана Галиција, но досега властите не успеваа да го пронајдат лицето што ги ангажирало.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе