ЗАПАД 2017

Како изгледаше руската воена вежба на границите на ЕУ (ФОТО+ВИДЕО)

Руско-белоруската воена вежба Запад 2017, која заврши вчера, беше една од најголемите од крајот на Студената војна - која и онака изгледа веќе се враќа на мала врата.

 

На воените игри што од 14 до 20 септември се одржаа во западниот дел на Русија, Белорусија и руската енклава Калининград, официјално учествуваа 12.700 руски и белоруски војници, 70 авиони и хеликоптери, 280 тенка, 200 парчиња артилерија и 10 брода.

Меѓутоа, западните аналитичари, лидерите на НАТО, на Полска, Украина, балтичките и други европски земји тврдат дека вистинската бројка всушност е многу повисока - околу 100.000 војници или повеќе - и ја критикуваат Русија поради недостигот од транспарентност на вежбата.

 

На вежбата дојде и Путин

Лидерите на земјите од Балтикот, Полска и Украина се плашат и дека вежбата, која симулираше одбрана на Белорусија од прозападните сепаратисти и нивните западни сојузници, во суштина е подготовка за можна инвазија на некоја од овие земји. НАТО тврди дека последната верзија на оваа вежба, која корените ги има во Студената војна, Запад 2013, била подготовка за анексијата на Крим и за прикриена инвазија на источна Украина. Сепак, Русија ги отфрла таквите обвинувања и инсистира дека Запад 2017 е од „исклучиво одбранбена природа“.

Вежбата во понеделникот дојде да ја надгледува и самиот руски претседател Владимир Путин, кој ги гледаше скоковите на воените падобранци и спуштањето оклопни возила со воени транспортни авиони.

Меѓутоа, вежбата истиот ден ја обележа сериозен инцидент кога еден руски воен хеликоптер, по сè изгледа по грешка, истрела проектил во близина на цивилни набљудувачи, веројатно новинари. Иако Москва тајмс објави дека две лица се сериозно повредени, руското министерство соопшти дека инцидентот, чија снимка беше објавена на социјалните мрежи, се одржал на некоја претходна вежба, и дека немало повредени.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе